Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер стана татко по седми пат

Британскиот премиер стана татко по седми пат

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон Кери, утрово се породи и на свет донесе девојче, што е нивно второ заедничко дете.

“Премиерот Борис Џонсон и неговата сопруга Кери со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката се многу добро. Парот сака да му се заблагодари на феноменалното породилиште на Националната здравствена служба за сета грижа и поддршка” се наведува во соопштението.

Парот утрово околу 07.40 часот влегол во болница во центарот на Лондон, а два часа пред тоа се појавиле полицајци за да обезбедат место пред пристигнувањето на Кери.

Парот доби син во април минатата година, а девојчето е седмо дете по ред за британскиот премиер.

Џонсон (57) има уште пет деца од претходните врски.

Можете да прочитате

Трамп: Договорот со Иран во голема мера е завршен, наскоро конечните детали

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови