Утрински Весник
Свет

Медитерански циклон во Далмација

Медитерански циклон во Далмација

Силно невреме со силен ветер синоќа го зафати Сплит, а брановите во дубровничката област беа речиси седум метри.

– Уништен е штандот, оштетени се неколку паркирани мотори и урнат е столбот за осветлување, изјавил за далматинскиот портал командантот на ЈВП Сплит Марио Микас.

Утрово уште едно дрво падна во сплитското пристаниште.

Во Хрватска врне дожд, на места со лапавица и снег, коловозите се лизгави, па возачите се предупредуваат да бидат внимателни.

Медитеранскиот циклон донесе нови проблеми во цела Далмација, објави порталот Далмацијаданас.

Високите бранови синоќа и утринава поплавија дел од брегот, а според достапните информации најинтензивна плима била во областа Водице, каде што е поплавен голем дел од брегот.

Можете да прочитате

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур