Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Милер го детектира проблемот на Барселона

Милер го детектира проблемот на Барселона
Img 7972

Баерн, синоќа, на празната „Алијанц“ арена во Минхен, не дозволи изненадување против Барселона. Баварците славеа со 3:0, без пораз го освоија првото место во Е-групата, со гол-разлика 22:3.

Баерн заедно со Бенфика од оваа група избори пласман во осмина-финалето, а Барселона ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа. Каталонскиот великан прв пат од 2000 година не успеа да се пласира меѓу најдобрите 16 во Лигата на шампионите.

Баерн рутински ја победи Барселона. На полувреме Баерн имаше предност од 2:0, со головите на Милер и Сане, а точка на мечот стави Мусијала.

Стрелецот на првиот гол, Милер, по натпреварот рекол дека играчите на Барселона технички се на нивото на кое е Баерн и потоа ја откри клучната разлика меѓу клубовите.

„Мислам дека Барселона не може да го следи интензитетот на играта. Тие имаат сѐ, тактички и технички таму има одлични фудбалери, меѓутоа не можат да се носат со интензитетот на фудбалот на ова ниво“, рекол Милер.

> Милер го детектира проблемот на Барселона <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН