Утрински Весник
Свет

Ердоган не ги признава европските пресуди за Кавала и Демирташ

Ердоган не ги признава европските пресуди за Кавала и Демирташ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не ги признава европските пресуди со кои се бара ослободување на филантропот Осман Кавала и курдскиот политичар Селахатин Демирташ и дека Анкара ќе ги почитува пресудите на турскиот суд за нив, јави денеска НТВ.

Говорејќи пред новинарите, Ердоган рече дека европските пресуди и за Кавала и за Демирташ се „ништовни“ за Турција, пренесува Ројтерс.

Минатата недела, Советот на Европа рече дека ќе ја информира Турција за нејзината намера да покрене прекршочна постапка против Анкара, поради одбивањето да го ослободи Кавала.

Исходот од постапката може, според Ројтерс, да доведе до исклучување на Турција од Европскиот суд за човекови права.

Советот на Европа ја повика и Турција да го ослободи Демирташ.

Можете да прочитате

Зеленски го избра шефот на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, за нов украински премиер

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата