Утрински Весник
Свет

Двонеделен карантин за контактите на заразените со омикрон во Хрватска

Двонеделен карантин за контактите на заразените со омикрон во Хрватска

Хрватскиот институт за јавно здравје денеска објави дека сите контакти на заразените со омикрон-варијантата на коронавирус одат во 14-дневен карантин, без оглед дали се вакцинирани или веќе прележале Ковид-19.

„Доколку изворот е заразен со омикрон-варијанта или постои епидемиолошки сомнеж дека се работи за тој вид, сите контакти, без разлика на статусот на вакцинација и прележана болест, ќе подлежат на 14-дневен карантин и треба да се тестираат со ПЦР-тест на почеток и на последниот ден од карантинот“, стои во ревидираните препораки, а пренесе агенцијата „Хина“.

Хрватскиот завод исто така наведува дека ако варијантата на омикрон е исклучена со секвенционирање, 14-дневниот карантин се прекинува, а контактите понатаму се третираат како оние изложени на веќе присутните варијанти на вирусот.

Хрватскиот завод за јавно здравје синоќа го потврди третиот случај на омикрон варијантата на коронавирус.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили