Утрински Весник
Спорт

Белингем под истрга на обвинителството во Дортмунд

Белингем под истрга на обвинителството во Дортмунд

Џад Белингем се наоѓа под полициска истрага, поради изјавата дадена по дербито Борусија Дортмунд-Баерн Минхен (2:3). Коментарот на Белнгем бил насочен кон судијата Феликс Цвајер.

Големото дерби го реши Роберт Лвендовски од пенал во 79.минута. Цвајер досуди пенал за Баерн, откако Матс Хумелс играше со рака пред својот гол.

„Имавме судија кој е обвинет за местење на натпревар. На тој судија му дадовте да го суди најголемиот натпревар во Германија. Што можевте да очекувате? Мислам дека немаше пенал, Хумелс воопшто не ја виде топката, која потоа го погоди во раката“, рекол Белингем.

Цвајер, во 2005 година, беше суспендиран на шест месеци, откако судот пресуди дека учествувал во местење на еден натпревар.

Поради оваа изјава на Белингем, случајот е проследен до обвинителството во Дортмунд. Обвинителот треба да процени дали има елементи за покренување постапка против фудбалерот на Бирусија.

> Белингем под истрга на обвинителството во Дортмунд <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина