Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Aрсовски: Заев ќе потпише сè што Бугарија ќе му сервира

Aрсовски: Заев ќе потпише сè што Бугарија ќе му сервира
300x250 opst2

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, очекува големи отстапки од премиерот Зоран Заев  во преговорите со Бугарија.

„Кога Зоран Заев е подготвен да даде 3 министерства и скоро педесет директорски места од институции само за да ја задржи фотелјата и за да добие 3 пратеника за да продолжи и понатака да краде како што тоа го прави и до сега, јасно е дека ќе потпише се што Бугарија ќе му сервира. Ова ќе биде круната на неговите порази на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ од сега кажува дека да почитува било штетен каков кон Република Македонија“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за спорот.

Прашан и дали ќе продолжи соработката помеѓу Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, Арсовски рече оти очекува советниците на партијата Алтернатива да продолжат да ги поддржуваат сите проекти кои што ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се значајни за граѓаните.

Можете да прочитате

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово