Утрински Весник
Економија

Бесими го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година на претседателот на Собранието

Бесими го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година на претседателот на Собранието

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој Собранието треба да го усвои на пленарна седница најдоцна до 31 декември.

Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година ги содржи прифатените амандмани во текот на расправата во собраниските комисии. Вкупната вредност на прифатените амандмани изнесува 382 милиони денари, што е проценето како една од најголемите измени направена преку амандманската расправа, што е потврда за инклузивноста на процесот на усвојување на буџетот и демократскиот капацитет на нашата земја.

На средбата министерот Бесими истакна дека очекува дебатата да продолжи во ваков дух на пленарната седница и со широка поддршка да се усвои Буџетот за 2022 година.

Главни цели на Буџетот за 2022 година се продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите, при спроведување фискална консолидација, како и поддршка на реформските процеси во правосудството и евроатланските интеграции и непречено финансирање на основните функции на државата.

Главниот фокус во Буџетот за 2022 година е на инвестициите, така што капиталните расходи се планирани на досегашно највисокото ниво од 38,2 милијарди денари. Капиталните расходи учествуваат со 14% во вкупните расходи и се зголемени за 28,3% во споредба со 2021 година. При тоа има кратење на непродуктивните трошења.

Буџетот е конципиран според златното правило во јавните финансии, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи, што значи дека задолжувањето ќе биде само за капитални расходи, а средствата ќе бидат насочени кон проекти кои даваат најголем ефект. Тоа ќе поттикне инвестициски циклус што ќе придонесе за забрзан економски раст,

Со дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година расходите се планирани во износ од 272,4 милијарди денари што претставува раст од 1,4% во споредба со 2021 година и се на ниво од 35,2% од БДП. Приходите се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4% повисоки од 2021 година. Оттука, буџетскиот дефицит се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3% од БДП.

Можете да прочитате

ЕБОР со над 10 милијарди евра инвестиции во Србија од 2001 година

Словачка ни завидува на економскиот раст

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите