Утрински Весник
Свет

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува „Ројтерс“.

Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, човекот, чие име и националност не се наведува, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа.

Мажот потоа излегол од автомобилот облечен во нинџа и со јапонски самурајски меч, се упатил кон полициското возило.

Прво со катана удрил една полицајка по брадата, а потоа друга по главата. Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот во стомакот и му нанел сериозни повреди, па со хеликоптер бил пренесен во болница.

Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди и исто така се пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен се огласи на Твитер за да го искоментира инцидентот и упати поддршка до полицијата.

„При интервенцијата поради кражба на возила во Шербур, повредени се двајца полицајци. Поддршка за националната полиција“, напиша Дарманен на Твитер.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини