Утрински Весник
Македонија

Од утре променливо облачно со врнежи од дожд и снег

Од утре променливо облачно со врнежи од дожд и снег

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Минималната температура ќе биде во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, освен во сабота кога ќе настапи преодно стабилизирање. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во почетокот на идната седмица поради заладување, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто во Виена

Македонија заслужува членство во ЕУ, смета Николоски

Двајца крадци опљачкале објект за брзи кредити