Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Виртуелна јахта во метаверзумот продадена за 650,000 долари

(Видео) Виртуелна јахта во метаверзумот продадена за 650,000 долари
300x250 opst2

Некој минатата недела платил приближно 650,000 долари за мегајахта што постои само во метаверзумот, пишува Futurism.

Продажбата ја извршија метаверзумот и девелоперот на НФТ-токени Republic Realm за метаверзум-платформата „Сендбокс“.

Јахтата наречена The Metaflower Super Mega Yacht се продаде за 149 ETH, што ја прави најскапото НФТ-средство на платформата.

Дигитални спецификации – јахтата може да се опише како коцкаст дизајн на „Мајнкрафт“. Има четири ката со голема дневна соби, џакузи када, подиум за танцување, кабина за диџеи и два хелиодроми (непостоечки хеликоптери се продаваат посебно).

Јахтата е дел од линијата на луксузни понуди на Republic Realmove The Fantasy Collection развиена за платформата „Сендбокс“, која вклучува глисери и приватни острови заедно со марини, и клубови на плажа.

Како што пишува Futurism, иако е апсурдно да се фрлаат толку многу пари на јахта во која никогаш не можете физички да уживате, има некои предности. Бидејќи сè е дигитално, нема трошоци за одржување на јахтата. Плус, ако имате доволно пари да потрошите повеќе од половина милион на NFT, тоа е веројатно прилично незначителна сума за вас во секој случај.

Единствениот предизвик е всушност да најдете пријатели кои ќе ви се придружат на вашата измислена јахта.

„НФТ“ е незаменлив токен (Non-fungible Token). „Незаменлив“ повеќе или помалку значи дека е единствен и не може да се замени со нешто друго. На пример, биткоинот е заменлив – aко замените еден биткоин со друг ќе го имате истото.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи