Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Евертон ќе го отпуштат Бенитез

Евертон ќе го отпуштат Бенитез
300x250 opst2

Евертон се подготвени да му врачат отказ на менаџерот Рафа Бенитез. „карамелите“, вчера, доживеаја тежок пораз во градската пресметка со Ливерпул (1:4).

Управниот одбор на Евртон по поразот во Мерсисајд дербито одржал итен состанок, на кој се расправало за судбината на Бенитез. Англиските медиуми пишуваат дека Шпанецот нема да го води тимот викендов против Арсенал.

Евертон се наоѓа во очајна форма, немаат победа од средината на септември.

Тимот сезоната ја започна со четири победи и едно реми во првите пет кола, во но преостанатите девет рунди „карамелите“ освоија само два бода. Евертон се наоѓа во серија од шест порази на последните седум натпревари.

Со 15 бода, Евертон се наоѓа на 14.место на табелата.

> Евертон ќе го отпуштат Бенитез <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг