Утрински Весник
Македонија

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка
Img 5587

Од синоќа во 22:00 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на „ЈП Македонија Пат“.

Ss1

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија 

Откриени 157 возачи под дејство на алкохол

„Десна“ објави писмо од својот поранешен лидер „Палчо“ упатено до министерот Лога