Утрински Весник
Свет

Макрон на 3 декември во посета на Емирати, најавени повеќе договори

Макрон на 3 декември во посета на Емирати, најавени повеќе договори

Се очекува Обединетите Арапски Емирати и Франција да потпишат поважни договори кога францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Дубаи на 3 декември.

Ова го изјави високиот функционер на Емиратите Анвар Гаргаш.

„ Не сакам да го расипам божиќниот подарок за претседателот Макрон“, рече Гаргаш на прашањето на новинарите дали Абу Даби ќе купи француски борбени авиони „Рафал“, пренесува „Ројтерс“.

Тој исто така нагласи дека посетата на Макрон треба да ги потврди одличните односи меѓу двете земји и дека се очекува новите договори што ќе бидат потпишани по тој повод, дополнително да се прошират во различни области.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија