Утрински Весник
Македонија

Марко Бислимоски реизбран за претседател на Бордот на регулатори

Марко Бислимоски реизбран за претседател на Бордот на регулатори
300x250 (7)

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, е реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што практично доби втор мандат во извршување на оваа должност.

Гласањето се реализираше на 50. јубилеен состанок што се одржува во Атина.

Img 5587

„Добивањето на доверба за уште еден мандат, освен што ја потврдува лидерската улога на РКЕ во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително реизборот е и признание на активната улога на РКЕ во креирањето на решенија во време на енергетска криза“, посочи Бислимоски по завршување на состанокот.

„Предизвик е да се претседава со Бордот на регулатори во време на енергетска криза, но лидерството се кристализира во нудење на решенија во тешки моменти, а не во изговори како алиби“, додаде тој.

На состанокот кој се одржа учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, како и претставници од Европската комисија и Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER).

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани