Утрински Весник
Македонија

Арсовска на средби со градоначалниците на главните градови од Балканот

Арсовска на средби со градоначалниците на главните градови од Балканот
Img 5587

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари билатерални средби со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и со градоначалниците на главните градови: Атина – Костас Бакојанис, Подгорица – Иван Вуковиќ, Белград – Зоран Радојичиќ и Сараево – Бенјамина Кариќ, во рамките на самитот во Истанбул, каде што вчера се основа Б40-мрежата на балкански градови.

На средбите се разговарало за проекти што се приоритетни за Град Скопје, како и за позитивни искуства, кои може да се приспособат и имплементираат во нашиот главен град.

Img 5587

Градоначалничката воедно денеска ја потпиша декларација за соработка на градови од Балканот со заедничка визија за реализација на проекти како би се воспоставила плодна соработка во области од заеднички интерес и изнаоѓање решенија на локално и регионално ниво.

Со декларацијата сите градоначалници се обврзуваат на транспарентно и инклузивно локално управување, засновано на податоци и споделени знаења. Исто така, договорено е веднаш да се направат работни тела меѓу градовите, да се почне со планирање проекти и работни активности, што ќе придонесат за зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.

Формирањето на мрежата и потпишувањето на декларацијата ќе им помогне на градовите да ги проценат тешкотиите и проблемите со кои се среќаваат и преку споделување решенија и добри практики да се олесни носењето одлуки.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани