Утрински Весник
Спорт

Мексико повторно ги порази САД

Мексико повторно ги порази САД

Мексико ја порази репрезентација на САД 97:88 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Ова е трета победа на Мексиканците во дуелите со САД во последните три години.

Третата четвртина го реши победникот. Мексико убедливо ја доби со 31:12. Најдобра на теренот беше Орландо Мендес-Валдес со 27 поени, Габриел Џирон постигна 19, а Пол Стол забележа 18 поени и 11 асистенции.

Поранешната НБА ѕвезда, Ајзеа Томас ги предводеше САД со 21 поени и 10 асистенции.

И покрај тоа што Американците играа без најголемите ѕвезди, поразот преставува големо изненадување.

На табелата во Д-групата води Мексико со две победи, Порторико и САД имаат победа и пораз, а Куба има два порази.



> Мексико повторно ги порази САД <

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг