Утрински Весник
Свет

Во Шкотска откриени 6 случаи на омикрон, некои од заразените не патувале

Во Шкотска откриени 6 случаи на омикрон, некои од заразените не патувале
Dik 300x250 mk

Во Шкотска идентификувани се шест случаи на инфекција со новиот вид на Ковид-19 наречен омикрон.

Шкотските власти соопштија дека четири случаи биле откриени во Ланаркшир, еден во областа Голем Глазгов и еден во областа Клајд.

Експертите сега ги следат контактите на заразените за да утврдат каде точно се заразиле и со кого биле во контакт последните недели, пишува Би-би-си.

„Сите ќе добијат стручна помош и поддршка, а шкотското јавно здравство ќе ги следи контактите на заразените. Ова треба да ни помогне да го утврдиме потеклото на вирусот и да ги најдеме оние со кои заразените биле во контакт во последните неколку недели“, рече министерот за здравство, Хумза Јусаф.

Заменик министерот Џон Свини за Би-би-си изјави дека во некои случаи нема историја на патување.

„Тоа ни кажува дека постои одреден степен на пренесување на овој вид на вирус во заедницата“, додаде тој.

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки