Утрински Весник
Свет

Британија свика итен состанок на Г7 поради новата варијанта на коронавирусот

Британија свика итен состанок на Г7 поради новата варијанта на коронавирусот
Dik 300x250 mk

Поради брзото ширење на омикрон варијантата на коронавирус, Обединетото Кралство за денеска свика непланиран состанок на министрите за здравство на Г7.

Министрите за здравство, кои ги претставуваат индустриски најразвиените земји во светот, ќе разговараат за актуелната ситуација со ширењето на омикрон варијантата, објави портпаролот на британската влада.

Британија е актуелен претседавач со Г7, група во која уште членуваат и САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Светската здравствена организација процени дека варијантата омикрон, која првпат беше откриена во Јужна Африка, е загрижувачка.

Европскиот центар за контрола на болести, исто така изрази сериозна загриженост дека омикрон може значително да ја намали ефикасноста на сегашните вакцини и да го зголеми ризикот од повторна инфекција.

Омикрон варијанта по нејзиното откривање веќе се појави во неколку држави и се чини дека се шири многу брзо. Голем број држави веќе воведоа строги ограничувања за патување.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно