Утрински Весник
Спорт

Еспањол не дозволи Реал Сосиедад да стане лидер во Шпанија

Еспањол не дозволи Реал Сосиедад да стане лидер во Шпанија

Повратникот во елитата, Еспањол со 1:0 го совлада тимот на Реал Сосиедад за да се искачи на деветтото место на табелата во шпанската Ла лига, и во исто време да спречи баскискиот клуб да го преземе првото место од Реал Мадрид, кои вечерва играат во дербито со Севилја.

Венецуелецот Јанхел Ерера го постигна единствениот гол на мечот во 77. минута за Еспањол да стигне до петтата победа оваа сезона и да се зацврсти во средината на табелата. Сосиедад пак, два натпревари во низа има шанса да се искачи на првото место на табелата и двапати не ја користи.

Сосиедад имаат 29 поени на второто место на табелата, но по 15 одиграни мечеви, додека Реал се први со 30 поени. Севилја, исто така со два натпревари помалку е на третото место со 28, еден повеќе од Реал Бетис.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Еспањол не дозволи Реал Сосиедад да стане лидер во Шпанија <

Можете да прочитате

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто