Утрински Весник
Свет

Холандија воведува нови мерки, една од нив е затворање на ресторани и продавници по 17 часот

Холандија воведува нови мерки, една од нив е затворање на ресторани и продавници по 17 часот

Холандскиот премиер Марк Руте денеска најави нови мерки за борба против коронавирусот, кои, меѓу другото, предвидуваат баровите, рестораните и повеќето продавници во Холандија да бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро.

Исто така, во средните училишта се воведува обврска за носење маски, рече Руте во телевизиско обраќање во Хаг, пренесе „Ројтерс“.

Мерките стапуваат на сила в недела, 28 ноември, поради рекордниот број новозаразени и хоспитализирани пациенти со ковид во Холандија.

Можете да прочитате

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област

Стампедо во храм во Индија, седум лица загинаа