Утрински Весник
Спорт

Конте забрани кечап во Тотенхем, австриска компанија му прати отворено писмо

Конте забрани кечап во Тотенхем, австриска компанија му прати отворено писмо

Откако новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте реши да го забрани кечапот како дел од исхраната на неговите фудбалери, австриската компанија „Куртис брадерс“ со оглас во весникот „Енфилд индепендент“ му прати лично писмо на Италијанецот, и во исто време испрати од нивниот кечап до англискиот клуб.

Рекламата во весникот е напишана во стил на писмо до тренерот.

„Драг Антонио, слушнавме дека забрани кечап. Ти аплаудираме на одлуката. Исхраната е важна, но и радоста е важна. Знаеш ли што друго е од Италија? Нашите домати, Антонио. Секој кечап не е еднаков, затоа не ги отпишувам сите кечапи. Ние користиме само органски состојки, и нашите домати се природно благи, без додавање на шеќер. Да, Антонио – senza zucchero. Знаеме дека треба да имаш големи италијански домати за да го смениш мислењето. 15 по шише, да бидеме прецизни. Затоа ти праќаме кутија од најприродниот кечап на светот. За тебе, за тимот, да вкусите и да уживате. Како што ти кажа, исхраната е важна. И радоста. Многу среќа во авантурите со Спарс. Марио“, се вели во писмото.

Конте претходно ја објасни својата одлука.

„Ги гледам резултатите од нутриционистот и можам да видам што е океј, а што не е. Тоа е дел од подобрувањето на фудбалерите, морате да го подготвите телото и умот. Го направив ова не само во Челси, Јувентус или Интер, туку и кога бев во Серија Б со Сиена. Се обидувам да внесам нешто во односите со играчите. Добрата исхрана и односот е важен. Сонот е важен, и јадењето е важно за брзо опоравување“, изјави Конте.

> Конте забрани кечап во Тотенхем, австриска компанија му прати отворено писмо <

Можете да прочитате

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ

Кубарси останува во Барса до 2027 година, откупната клаузула е 500 милиони евра

Борусија ќе прифитира на „Вембли“