Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски: И во Македонија се води истрага за компанијата „Беса транс“

Спасовски: И во Македонија се води истрага за компанијата „Беса транс“
Img 7972

Без информации колку лица се повикани на распит и колку се приведени, Оливер Спасовски кажа дека и во Македонија се води истрага за „Беса транс“ и сопственикот. Тој објасни дека се утврдува какви се прекршувања се направени, а откако беше утврдено дека изгорениот автобус минувал 135 пати низ границите, со лиценца од друго возило на компанијата.

За сопствениците на компанијата, Спасовски не кажа дали се во Македонија и дали биле на распит туку рече: „ Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање на информации“.

Прашан дали има нешто во компјутерите одземени од агенцијата „Беса транс“, Спасовски рече: „Секако дека има“. Во однос на тоа дали домот на сопственикот на компанијата се обезбедува од полиција, Спасовски кажа дека постапуваат согласно барањата на Обвинителството.

Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале на лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски, кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.

„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента