Утрински Весник
Македонија

Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на скопските клиники, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој нагласи дека сите се во добра здравствена состојба.

В недела (28 ноември) ќе бидат префрлени уште двајца од повредените, други двајца на 30 ноември, а последниот преживеан ќе биде префрлен на 1 декември.

Српскиот државјанин, кој е меѓу преживеаните, ќе биде пренесен во Србија.

За пренесување на посмртните останки на 45-те загинати, пак, во Владата е формирана работна група во која, покрај Османи, се и министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Османи рече дека се очекува процедурите на идентификација на телата да завршат наредната недела и првичните најави се дека тие ќе бидат готови кон вторник или среда.

Можете да прочитате

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец, во неготинско, се вршела идентификација и обдукција бидејќи телото било непрепознатливо

Објектите на приклучок на парно ќе мора да имаат инсталација за греење

Израел ќе учествува на Евровизија 2026