Утрински Весник
Македонија

Викендов променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Викендов променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Img 5587

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

Ss1

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време на викендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури.

Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните