Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пријави за дилери од Охрид, грам кокаин препродавале по цена од 5.000 денари

Пријави за дилери од Охрид, грам кокаин препродавале по цена од 5.000 денари
300x250 opst2

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Охрид денеска поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, во периодот од јули до ноември годинава, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.

Вчера на охридската улица ,,Марко Цепенков“, полициски службеници извршиле контрола на возило „ренџ ровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти, денари и евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода.

 

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник