Утрински Весник
Магазин

Синот на Шварценегер снима филм на Хаваи

Синот на Шварценегер снима филм на Хаваи

Џозеф Баена, син на холивудскиот ветеран Арнолд Шварценегер, сподели фотографија направена зад сцената на филмот „Лава“, кој моментално се снима во Хонолулу, Хаваи.

Баена најави дека ќе се појави во претстојниот филм со објава на својот Инстаграм-профил претходно оваа недела. А сега, 24-годишникот ја покажа својата импресивна фигура на тропската локација.

Џозеф , исто така, напиша кратка порака каде што истакна: „Со нетрпение чекам да почне снимањето на Lava со тимот на @bitflixnfts!“ Многу од следачите на социјалните мрежи, во делот за коментари фигурата на Баена ја споредија со онаа на неговиот татко.

Lava, кој се снима на Хаваи, се смета за прв филм целосно финансиран од криптовалути.

Можете да прочитате

Шест земји се повлекуваат од Евровизија откако на Израел му беше дозволено да учествува следната година

Вечерва е полна месечина- направете го ова и ќе се збогатите

Лажни страници за возрасни шират малвер кој краде сè