Утрински Весник
Свет

Чешкиот претседател по шест недели пуштен од болница

Чешкиот претседател по шест недели пуштен од болница

Чешкиот претседател Милош Земан е пуштен од болница по повеќе од шест недели, соопшти денеска Централната воена болница во Прага.

Земан (77) беше примен во болница на 10 октомври со компликации од хронично заболување, за кое неговата канцеларија не прецизираше детали, но лекарите велат дека се работи за заболување на црниот дроб.

Тој беше примен во болница ден по парламентарните избори, на кои неговите сојузници, предводени од премиерот Андреј Бабиш, загубија од коалицијата на десниот центар.

Земан најпрвин бил лекуван на одделот за интензивна нега, каде лекарите рекле дека неговата состојба е неизвесна, но подоцна се подобрила.

Земан рече дека ќе ги почитува изборните резултати и дека во петок ќе го назначи лидерот на десниот центар Питер Фиал за премиер.

Болницата објави дека Земан ќе продолжи да се лекува на претседателскиот имот западно од Прага, и покрај сугестиите дека треба да остане во болница.

Но, неговата состојба е значително подобрена, соопшти медицинскиот тим.

Мандатот на Земан трае уште 15 месеци. Ова му е втор и согласно законот, последен петгодишен мандат.

Можете да прочитате

Спектакуларен грабеж на ексклузивна златарница во Париз: Крадци однеле богат плен

Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков

Компанијата на Безос планира нови вселенски летови од 19 мај