Утрински Весник
Спорт

„Ако Ѓоковиќ се појави во Мелбурн, тоа значи дека е вакциниран“

„Ако Ѓоковиќ се појави во Мелбурн, тоа значи дека е вакциниран“
300x250 (7)

Директорот на Австралија опен, Крег Тили, уште еднаш потврдил дека невакцинираните тенисери нема да можат да учествуваат на првиот Гренд слем во сезоната. Тили смета дека до почетокот на турнирот, на глобално ниво, вакцинирани ќе бидат помеѓу 90 и 95 отсто од тенисерите.

Тили го коментирал и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој е противник на вакцинацијата, но за него никој не знае дали се вакцинирал.

Ss1

„Ѓоковиќ девет пати победил во Мелбурн, сигурен сум дека сака и десетти пат да го подигне пехарот. Исто така тој, Рафа Надал и Роџер Федерер се израмнети според бројот на освоени Гренд слем трофеи, сите имаат по 20. Надал ќе игра во Мелбурн, очекувам дека некој ќе се издвои на врвот на оваа листа, мислам дека Ѓоковиќ тоа нема да им го препушти на конкурентите. Една е сигурно, доколку игра во Мелбурн, тоа значи дека Ѓоковиќ се вакцинирал“, заклучил Тили.

Австралија опен ќе се одржи од 17. до 30.јануари 2022 година.

> „Ако Ѓоковиќ се појави во Мелбурн, тоа значи дека е вакциниран“ <

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот