Утрински Весник
Свет

Италија ги заострува мерките – се проширува обврската за вакцинација

Италија ги заострува мерките – се проширува обврската за вакцинација
Ss2

Италија ги заостри ковид-мерките и ја прошири обврската за вакцинирање.

Владата вчера одобри декрет според кој правилата кои бараат доказ за вакцинација или закрепнување од вирусот, ќе важат за поголемиот дел од јавниот живот од 6-ти декември.

Ss1

Приемот во барови, ресторани или настани ќе зависи од способноста да се покаже тој доказ. Овие мерки ќе се спроведуваат низ целата земја до 15 јануари. Потоа, мерките ќе важат само за регионите кои се прогласени за зони на коронавирус и каде се потребни построги правила.

Од 15 декември, луѓето кои работат во училиштата, како и полицајците, војниците, спасувачите и вработените во здравствената управа, мора да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените работници, кои требаше да се вакцинираат од април, ќе мора да земат дополнителна доза од вакцината.

Од 15 октомври, на работните места во Италија се на сила мерките кои бараат доказ за вакцинација, негативен тест за коронавирус или доказ за закрепнување. Истите правила досега важеа само за патување на долги релации, но ќе бидат проширени и на хотелите, локалниот јавен превоз и регионалниот железнички превоз.

Валидноста на италијанската дигитална зелена карта – потврда за вакцинација или закрепнување од Ковид – ќе биде скратена од 12 на 9 месеци.

Италија неодамна забележа значително зголемување на случаите на коронавирус.

Ss1

Можете да прочитате

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

Бројот на заразени со норовирус на фестивалот во Германија се зголеми на над 800

Хамас го разгледува предлогот за прекин на огнот: Утре нова рунда преговори во Каиро