Утрински Весник
Магазин

Колинда со емотивен твит му посака добредојде на Макрон

Колинда со емотивен твит му посака добредојде на Макрон

Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи на својот Твитер профил за да му посака искрено добредојде на Емануел Макрон и да му каже дека жали што не може да го види.

Поранешната хрватска претседателка сподели нивна заедничка фотографија, која најверојатно е направена во 2018 година во Русија и испрати емотивна порака до претседателот на Франција, кој синоќа пристигна во Загреб во работна посета.

Таа ја напиша посветата на француски, и се потпиша како негова пријателка Колинда.

„Драг Емануел Макрон! Добредојде! Жал ми е што не можам да те видам затоа што не сум во Хрватска. Ти посакувам пријатна и плодна посета. Се најдобро за тебе и за прекрасните луѓе на Франција! Твојата пријателка Колинда“

Макрон е првиот француски претседател во официјална посета на Хрватска, пренесуваат локалните медиуми.

Можете да прочитате

Овие луѓе не признаваат дека грешат

Јадете доцна навечер? Научниците открија зошто тоа може да доведе до дебелеење

Оземпик може да биде поврзан со опаѓање на косата: Добрата вест е што најчесто не е трајно