Утрински Весник
Македонија

175 возачи санкционирани за брзо возење

175 возачи санкционирани за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи.

Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Момче тешко повредено во Кушадаси со владиниот авион ќе биде транспортирано во Македонија

Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во Македонија