Утрински Весник
Македонија

(Видео) Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија се 17-годишно девојче и петмина возрасни

(Видео) Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија се 17-годишно девојче и петмина возрасни

По трагичната несреќа во Бугарија, во болницата Пирогов во Софија примени се 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Таа нагласи дека тие не се во животна опасност.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.

Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар во возилото. Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.

Можете да прочитате

Македонија под топлотен бран температури до 40 степени

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја