Утрински Весник
Магазин

Мајкл Китон се враќа како негативец во „Спајдермен“

Мајкл Китон се враќа како негативец во „Спајдермен“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уште еден негативец се враќа во продолжението на „Спајдермен“и тоа не е никој друг туку Мршојадецот. Ликот последен пат беше виден во „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming) и ќе се појави во претстојниот „Морбиус“.

Во интервју кај „Џими Кимел лајф“, Мајкл Китон откри дека следните неколку дена ќе снима како негативец. „Нешто како Мршојадецот “, навести тој. Иако не наведе кој филм го снима, фановите нагаѓаат дека тоа би можело да биде „Морбиус“, најновиот во сагата за суперхеројот човек-пајак, или некоја завршна сцена за „Спајдермен: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home), чија премиера е закажана за 17 декември.

„Морбиус“ ја пренесува приказната за биохемичар кој се обидува да ја излекува својата ретка болест со експериментални лекови, комбинира терапии со вампирски лилјаци. Резултатите од лекувањето се очекувано катастрофални и доктор Морибус се претвора во жив вампир со натчовечка сила и можност за самоизлекување.

Оскаровецот Џаред Лејто го потретира мистериозниот антихерој Мајклс Морбиус, еден од најконфликтните и најубедливите ликови на „Марвел“. Филмот доаѓа на големото платно следната година.

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk