Утрински Весник
Македонија

Главниот кризен штаб ќе одлучува за новите ковид-мерки

Главниот кризен штаб  ќе одлучува за новите ковид-мерки

Комисијата за заштита од заразни болести препорача нови мерки за сите вработени во јавниот сектор, кои во иднина за да дојдат на работа ќе мора да имаат или потврда за најмалку една примена вакцина, негативен ПЦР тест, кој не е постар од 72 часа или потврда за прележан ковид, која што не е постара од 45 дена.

Друга мерка која се предлага е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.

Овие мерки Комисијата ги достави до Главниот координативен кризен штаб при Владата кој ќе треба да соопшти дали истите ќе бидат прифатени.

Доколку се прифатат треба да стапат на сила 10 дена по нивното усвојување.

Министерството за здравство препорача да ги применуваат и приватните компании.

Од овие мерки ќе бидат изземени лицата кои што ќе имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите