Утрински Весник
Македонија

491 санкции за брзо возење

302 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 491 возач.

Од нив 90 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 195 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 296 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.

Можете да прочитате

Костадинов по кривичната пријава: Сите мои одлуки се законски, имам докази за тоа

Војниците излегуваат на протест пред Владата – жестоки обвинувања кон Мисајловски за лаги и празни ветувања

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони