Утрински Весник
Свет

(Видео) Повредени, уапсени, нови судири во неколку холандски градови против ковид-мерките

(Видео) Повредени, уапсени, нови судири во неколку холандски градови против ковид-мерките

Нови судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови во знак на протест против построги владини мерки за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус.

Петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

https://www.youtube.com/watch?v=zJtSzJ6rnPc

Помали судири имаше во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург, каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои се одиграа без публика поради правилата за Ковид-19.

Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога, во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје, а 51 лице беа уапсени.

Холандија минатата недела стана првата западноевропска земја што воведе делумно заклучување оваа есен поради зголемување на заразените со коронавирус.

Мерките ќе важат најмалку три недели, а се планираат и нови, како ограничување на влезот на невакцинирани лица на некои локации.

Можете да прочитате

Шпанскиот премиер Санчез бара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

„Старлинк“ објави прекин на услугата, илјадници корисници се погодени