Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта краде струја за копање крипто валути

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19
Ss2

Власта предводена од Зоран Заев не знае ништо освен да краде, или да се занимава со корупција и криминал, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, додаваат од таму, власта краде струја за копање крипто валути.

Ss1

„Или власта краде струја, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта. Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра. Претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа. Оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра. Пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната“, се нагласува во соопштението од оваа партија.

И сето ова, се додава во напишното е затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент, велат од партијата на Мицкоски.

„Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини. Власта е насочена само кон кражба, а граѓаните едвај преживуваат. Излез од оваа ситуација се само предвремени парламентарни избори“, се потенцира во писмениот допис од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт