Утрински Весник
Македонија

Дрвокрадци во прилепско со нерегистрирано товарно возило бегале од полицијата

Дрвокрадци во прилепско со нерегистрирано товарно возило бегале од полицијата

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на 18.11.2021 околу 15.30 часот, полициски службеници на патот Прилеп-Дервен, во близина над Присадски мост, дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“, без регистарски ознаки, но возилото не запрело, туку ја зголемило брзината.

По преземени мерки малку подоцна возилото било пронајдено во нас.„Тризла“, натоварено со огревни дрва, по што било привремено одземено и предадено на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира надлежните.

Можете да прочитате

Мицкоски: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје, приведени три лица

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред