Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден крушевчанец- се сопнал, паднал а неговиот пиштол испукал и го погодил во ногата

75-годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје

Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка.

За настанот бил известен и Јавен обвинител.

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево