Утрински Весник
Свет

Се намалува бројот на пушачи во светот

Се намалува бројот на пушачи во светот

Бројот на пушачи ширум светот е во континуиран пад, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари.

Во 2020 година околу 1,3 милијарди луѓе во светот консумирале тутун, што е намалување во однос на 1,32 милијарди две години претходно, се наведува во новиот извештај на СЗО. Очекувањата се овој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година.

Уделот на пушачите во популацијата на возраст од 15 до 24 години во 2000 година во светот беше 20,8 отсто (секој петти пуши), а сега е 14,2 отсто (секој седми).

Иако бројките се намалуваат, во извештајот се посочува дека 36,7 отсто од сите мажи и 7,8 отсто од жените во светот сè уште користат тутунски производи.

Се проценува дека пушењето убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, најмногу поради директна употреба на тутун, но и поради изложеност на пасивно пушење.

Можете да прочитате

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море