Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Арсовски: Поддршка од 300 милиони денари за 19.060 тутунари

Арсовски: Поддршка од 300 милиони денари за 19.060 тутунари
300x250 opst2

Владата, преку Генералниот Секретаријат, наредните денови ќе изврши исплата на финансиска поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19, соопштија владините портпароли.

Според нивните објаснувања се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1.7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари, соопштија од Владата.

Можете да прочитате

Пад на индустриското производство, намален и бројот на вработени во индустријата

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто