Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: ЕУ да и’ даде на Македонија датум во декември, без да бара нови отстапки

Мицкоски: ЕУ да и’ даде на Македонија датум во декември, без да бара нови отстапки
Img 7972

ЕУ треба да се одважи и да даде датум за преговори за Македонија и да не ја уценува државата со дополнителни отстапки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода и додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение кое е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.

„Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста“, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.

„Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности, овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори“, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Во месец септември уапсени над 100 лица поради поседување на наркотични средства

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!