Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од гостиварско

Приведени крадци од гостиварско

Полицијата уапсила три лица, сите од гостиварско, поради сомнение дека извршиле кражба во Маврово.

Вчера во периодот од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен, поради сомнение дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд куќа во Маврово.

Најголемиот број од предметите биле пронајдени кај нив и ќе му бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните