Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Методите на СДСМ и ДУИ со кои го предомислија Реџепи, не се ни европски ни демократски

ВМРО-ДПМНЕ: Методите на СДСМ и ДУИ со кои го предомислија Реџепи, не се ни европски ни демократски

Така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата по денешната прес-конференција на Кастриот Реџепи.

„ Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ.

Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности. Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски.

Власта која Кастриот привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и нивниот пад е неизбежен. Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори после кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред“ се наведува во партиската реакција.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните