Утрински Весник
Македонија

Магливо утро, преку денот облачно со температури до 17 степени

Магливо утро, преку денот облачно со температури до 17 степени

Утрово се измерени -3 степени во Берово , -1 во Тетово, 0 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Струмица, 1 степен во Лазарополе, Битола и Куманово, 2 во Маврови Анови, Прилеп, Штип и Демир Капија, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Дебар, Крушево и Попова Шапка, 4 степени во Охрид и Виница, 5 во Претор, 7 во Гегелија, 8 во Дојран.

Времето денеска наутро по одделни котлини ќе биде со појава на магла и ниска облачност.

Преку денот ќе има умерена, а во западните и југозападните делови зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, наутро магливо а преку денот умерено облачно. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Можете да прочитате

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа

Aqua Park Пробиштип ја отвори јубилејната 15 сезона

ВЛЕН: Нудиме 10 илјади нови можности за вработување и иднина во татковината