Утрински Весник
Свет

Путин: Русија нема никаква врска со мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија

Путин: Русија нема никаква врска со мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија

Русија нема никаква поврзаност со мигрантската криза што во моментов се одвива на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави рускиот претседател, Владимир Путин  во интервју за каналот „Вести“ по обвинувањата дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија.

Рускиот претседател негираше каква било одговорност за кризата.

Во истото интервју, Путин рече дека САД и нивните сојузници во НАТО спроведуваат непланирани вежби во Црното Море.

„Не само што имаат прилично силна поморска група, туку и стратешка авијација. Тоа е сериозен предизвик за нас“, рече Путин.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат