Утрински Весник
Свет

Предизборен молк во Бугарија

Предизборен молк во Бугарија

Денеска во Бугарија е ден на размислување пред парламентарните избори. Тоа значи дека кандидатите, партиите и коалициите, како и граѓаните, не смеат да прават никаква агитација. Истото важи и за самиот изборен ден.

Регулативата е воведена за да им даде време на гласачите да направат свој политички избор, без да бидат под влијание на политиката или политичкото рекламирање.

Според Изборниот законик, до крајот на изборниот ден не е дозволено објавување податоци од анкети за да се избегне манипулација  со изборот во корист на еден или друг кандидат или политички партии и формации.

Забраната се однесува и на профилите на социјалните мрежи.

Фото: БГНЕС

Можете да прочитате

Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е признат со меѓународното право

Лавров: Велика Британија повеќе не треба да го користи називот Велика

Во Португалија приведени 37 неонацисти