Утрински Весник
Македонија

75-годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје

75-годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје

75-годишна жена била пронајдена почината во стан во Скопје, соопшти полицијата.

Според информации од МВР, синоќа во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот стан на ул. „Никола Малешевски“ во Скопје била пронајдена почината В.Б.(75) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Бит-пазар.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Можете да прочитате

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка