Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија и со Србија на „тестот“ со Катар

Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија и со Србија на „тестот“ со Катар

Србија на „Рајко Митиќ“ во Белград стигна до убедлива 4:0 победа над домаќинот на Мундијалот во 2022, Катар, во последниот тест на репрезентацијата на Драган Стојковиќ-Пикси пред клучната пресметка со Португалија за пласман на СП.

Србија во недела гостува кај Португалија, која што ако вечерва победи на гости кај Ирска ќе избие на првото место во групата А во квалификациите за СП.

Саша Лукиќ им донесе водство на „орлите“ во финишот на првото полувреме, по што Лука Јовиќ во 51. минута зголеми на 2:0, за само две минути подоцна голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ да стрела за 3:0. Влаховиќ потоа му асистираше на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 83. минута за конечни 4:0.

> Влаховиќ ја продолжи голгетерската серија и со Србија на „тестот“ со Катар <

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката